346
Анализирајќи го поразот на Челси од Евертон, Лебеф го спореди овој тим на сините со оној кога играше тој, а во кои беа Ѕола, Десаи, Фло, Петреску, Ди Матео…
„Загрижен сум бидејќи натпреварот ме потсети на Челси кога беше полн со странски фудбалери кои не беа способни да се борат со вистинскиот „англиски борбен дух“, вели Лебеф.
„Тоа се случи во саботата. Треба да бидете воин и понекогаш да играте валкано, а половина од овој тим е неспособен да го прави тоа“.
„Тимот е млад, можеби нема искуство, но треба да најдете начин да победувате“.
„Челси се обидува да игра убав фудбал, но понекогаш тоа не дава ефект“.