285
Тореира отиде во Атлетико Мадрид на едногодишна позајмица од Арсенал, но реални се шансите таа да заврши уште во јануари.
Уругвајскиот играч од средниот ред стартуваше само на два натпревари за Атлетико Мадрид и не успеа да ги исполни очекувањата на Диего Симеоне.
Тореира во Арсенал можеби овој пат би добил да повеќе шанса да го импресионира Артета доколку Џака биде продаден. Но не се исклучува можноста веднаш да биде пратен на друга позајмица, Торино е еден од кандидатите за неговиот потпис.