Иако ја носи капитенската лента, Џака за момент се исклучи, фати противнички играч за врат и заработи директен црвен картон. Го остави својот тим со фудбалер помалку, а тоа беше клучно за нов пораз во период кога се бара начин да се излезе од кризата.
Инцидентот доаѓа во сензитивен период за Арсенал, па Артета бил исклучително бесен за глупоста на својот капитен.
„Дејли Мејл“ пишува дека иако Џака досега регуларно играше во стартниот тим, Арсенал е подготовен да ги види понудите за него кои ќе дојдат во јануарскиот преоден рок и не ја исклучува можноста за негова продажба.
Реакциите можеби ќе беа значајно помали доколку Џака го заработеше црвениот картон во меч на кој Арсенал ќе победеше, вака тој е мета на големи критики од сите страни.
Црвениот картон на Џака, доаѓа брзо по оној на Пепе кој со глава го удри Алиоски. Нервозата кај играчите на Арсенал станува алармантна, па Артета ќе мора сериозно да поработи и на дисциплината на своите фудбалери.