Нејмар испрати порака до Меси по ждрепката во Лигата на шампиони (ФОТО)

by
1 минути читање

Нејмар неодамна
ја разбранува фудбалската јавност со изјавата дека сака следната сезона одново
да игра покрај Лео Меси, многумина ова го протолкуваа како најава за трансфер
на Аргентинецот во Париз.

Лео Меси и Нејмар
ќе се сретнат многу порано, но како ривали, откако ждрепката во Лигата на
шампиони ги спои Барселона и ПСЖ во осминафиналето.

Ова беше повод за
Нејмар да му пише на својот поранешен соиграч. Бразилецот постираше слика со
Меси од церемонијата за доделување „Златна топка“ и порача: „Се гледаме наскоро
пријателе“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×