519
Поради
пандемијата на ковид-19, Франс Фудбал реши оваа година да не ја додели „Златната
топка“, награда за најдобриот фудбалер во сезоната.
Магазинот од
Франција сепак реши да креира тим од соништата и да направи состав од најдобрите
фудбалери во историјата.

На голот е Лев Јашин,
во одбраната се најдоа Кафу, Малдини и Бекенбауер, во средниот ред се Чави,
Матеус, Пеле и Марадона, додека во нападот се најдоа Кристијано Роналдо, Меси и
Роналдо.
Во изборот на тимот
учествуваа 140 новинари ширум светот.