Гасперини и Гомез нема да се смират, фудбалерот порача: Кога ќе заминам ќе ја дознаете вистината

by
0 минути читање

По инцидеднтот на полувремето од дуелот меѓу Аталанта и Митјиланд кога Гомез не се појави во второто полувреме, тој е изоставан од Гасперини од првиот тим.

Тренерот на Аталанта изјави дека не знае како може да се реши проблемот со Гомез, а сега се јави и фудбалерот кој испрати порака до фановите.

„Драги фанови, сакам само да ви кажам дека кога ќе заминам ќе ја дознаете вистината за сега. Ме познавате добро, знаете кој сум јас. Ве сакам, вашиот капитен“, напиша Гомез на инстаграм.

Се очекува Папу Гомез да ја напушти Аталанта уште во јануари.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×