ПСЖ излезе со први прогнози за повредата на Нејмар

by
1 минути читање

Бразилецот синоќа со солзи и на носилки го напушти дуелот со Лион, и со оглед на тоа колку беше во болка и колку силно викаше по стартот, се веруваше дека се работи за сериозна повреда на скочниот зглоб на левата нога.

ПСЖ попладнево соопшти дека првите тестови извршени врз Нејмар се охрабрувачки. Сепак, за 48 часа ќе бидат направени нови тестови кои ќе донесат подобра слика.

Според пишувањата на медиумите, Нејмар нема фрактура и тоа е добра информација за „светците“. 

Но ова не значи дека брзо ќе се врати на терените, сега ќе се чека МРИ снимката која ќе покаже дали и какво е оштетувањето на лигаментите.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×