Фудбалот остана без уште едно големо име, почина легендарниот француски тренер Жерар Улје

by
1 минути читање

Тажни вести од Франција, уторово починал Жерар Улје. Како што пренесуваат медиуми, легендарниот тренер неодамна имал операција на срцето во Париз, а изминатиов викенд бил пуштен на домашно лекување.

Тој имаше проблеми со срцето речиси 20 години, во 2001 му се слоши за време на дуелот помеѓу Ливерпул и Лидс. Кога во сезоната 2010/2011 ја превзеде Астон Вила, докторите му забранија повеќе да се бави со оваа работа, па тој поднесе оставка и стави крај на тренерската кариера, но остана во фудбалот и работеше како советник во групацијата на Ред Бул, а во последните години работеше како советник на Жан Мишел Ола во Лион.

Под водство на Жерар Улје, ПСЖ ја освои првата титула во првнеството на Франција во 1986 година. 

Ливерпул пак во 2001 под палката на Жерар Улје стигна до тројна круна и триумф во ФА Купот, Лига Купот и Купот на УЕФА.

Лион два пати беше шампион на Франција (2006 и 2007) со Жерар Улје на тренерското столче.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×