Манчестер јунајтед би можел да се засили со Ериксен

by
1 минути читање

Сигурно дека
Ериксен нема по добро да го памети својот престој во редовите на Интер каде
наиде на милост и немилост кај тренерот Антонио Конте кој во Данецот не гледа
опција во почетниот состав.

28 годишниот
фудбалер од средниот ред по трансферот вреден 17 милиони фунти во јануари, би
можел уште во јануарскиот преоден рок да си замине од Милано, а се шпекулира
дека Манчестер јунајтед е еден од најсериозните кандидати за неговиот потпис.

„Сан“ објави дека
Интер би се задоволил со обештетување во висина од 27 милиони фунти, а
Манчестер јунајтед посакува да донесе засилување во офанзивниот ред во својот
тим, со оглед на фактот што ситуацијата со Пол Погба е доста неизвесна.

Истовремено, се
верува дека Ериксен е на радарот на Арсенал, но и ПСЖ.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×