„24ФУДБАЛ СКАУТ ФАНТАЗИ“: Мојс го пронајде новиот Фелаини, Соучек прави голема разлика

by
2 минути читање

На Островот настанува
оној турбо-период на натпревари, а секако ќе мораме да внимаваме на одредени
ротации кои сигурно ќе ги користат тренерите, особено Пеп Гвардиола за кого и
повеќе од јасно е дека има ростер за „чудесни ротации“.

Во пресрет на
утрешната анализа како најава на 13 коло во Премиерлигата, како дел од најавата
ќе го издвоиме Томаш Соучек, Чехот од редовите на Вест Хем кој веќе две кола во
низа успева да ја погоди мрежата на протнивникот, а зад себе има и повеќе од
скромна цена.

Се работи за
фудбалер со цена од само 5, кој на гостувањето кај Лидс погоди во победата од
1-2 на Вест Хем, а претходно погоди и против Манчестер јунајтед во поразот на
домашен терен од 1-3, или сумирано, освои севкупно 17 бодови во две кола.

За Соучек тоа
беше трет гол сезонава, а интересен е фактот што ги одигра сите 90 минути на
сите 12 досега одиграни натпревари на „Чеканите“ во новата сезона.

Фудбалерот од
средниот ред влезе во најдобриот тим на 12 коло, а пред извесен период
предводникот на Тотнем, Жозе Мурињо по драматичното реми од 3-3 со „Чеканите“, му
честиташе на својот колега од спротивниот табор, Дејвид Мојс, за тоа дека го
добил „новиот Фелаини“, алудирајќи на фактот што во периодот кога Мојс беше
тренер на Евертон го „пронајде“ Фелаини, кој има слични карактеристики со
Соучек.

Во однос на карактеристиките во играта на Соучек, постојано го гледаме во опасни ситуации за постигнувајње гол во противничката мрежа, тоа особено важи при прекините, а кога би сумирале дека „Чеканите“ имаат вистински специјалист за прекините во Арон Кресвел, тогаш Чехот би бил навистина добра алтернативна опција за ротација во тимот и обезбедување на бодови кои прават разлика со фудбалери кои не се многу застапени во тимовите, а Сочуек до моментов има само 6% од натпреварувачите, споредбено со статистиката пред едно коло кога тој беше застапен во само 0.8% од тимовите на Фантази.

Би додале и тоа дека Соучек и Вест Хем имаат одличен распоред, а во таборот на „Чеканите“, освен Чехот имате и други алтернативни опции кои би ги користеле во дефанзивната линија по потреба за ротација.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×