Ѕвездата на
италијанскиот првак Јувентус, Пауло Дибала уверува дека секогаш имал во умот да
остане во редовите на „Старата дама“, а лажните шпекулации, како што тој самиот
вели, биле пласирани во јавноста со цел да се свртат луѓето против него,
првично алудирајќи на фановите на клубот од Торино.
Дибала го
постигна првиот гол во новата сезона од Серија А, и тоа во победата на Јувентус
на гости кај Џенова со 1-3, а водечкиот гол беше дело на Аргентинецот.
„Овие голови нам
офанзивците ни значат многу, ни ја дава онаа потребна самодоверба која ни е
потребна“ рече Дибала.
„На многу
натпревари не се чувствував релаксирано на теренот во моментите кога ја имав
топката, не бев тој што се познавам, ми недостасуваше вакво нешто, се надевам
дека сево ова ќе ми донесе самодоверба за нешто повеќе во иднина“ додаде тој, а
потоа даде коментар и на честите шпекулации поврзани со неговата иднина.
„Многу работи беа
пренесени низ медиумите, а тие немаа никаква поврзаност со реалноста, пласирани
беа многу лаги околу мојот договор, ме разочараа тие лаги, бидејќи да се
изнесуваат такви лаги во една таква ситуација само се ставаат навивачите против
мене, а имам толку голема љубов кон Јувентус…“ заклучи Дибала.