Со гол на Меси, Барса го победи Леванте со 1-0. Каталонците имаат заостанување од девет бода во однос на Атлетико Мадрид со ист број на одиграни натпревари, но Куман смета дека тоа е разлика која може да се стигне.
„Се разбира дека можеме да ја освоиме титула. Доколку напредуваме и имаме повеќе самодоверба можеме да ја поправиме и реализацијата на шансите“, вели Куман.
„Има уште многу натпревари до крајот. Ја знаеме нашата ситуација во лигата. Знаеме дека загубивме од Кадиз и требаше овој пат требаше да победиме, тоа го направивме и се надевам дека ќе влијае добро на самодовербата“.
„Доколку работиме добро ќе се искачуваме на табелата. Јасно е дека загубивме многу бодови, но лигата е отворена, има уште многу за играње“.