Клоп: Не можам да им напишам книга, да ја фрлам на теренот и да им кажам да ја прочитаат!

by
1 минути читање

Лестер му „откина“
два бода на големиот фаворит и бранител на титулата во Премиерлигата, Ливерпул,
кој немаше идеја како против мотивираните фудбалери на Скот Паркер кој одлично
ја постави играта на домаќините кои имаа „канонада“ кон голот на гостите уште
од првата минута.

И самиот
предводник на Ливерпул, Јирген Клоп признава дека на неговите фудбалери им било
потребно подолг период за да влезат во посакуваниот ритам, за на крајот со
голот на Салах од пенал да дојдат до израмнување, но тоа беше се
што сторија на резултатски план.

Едноставно е, не
игравме добро на овој меч, требаше да се разбудат на теренот, но јас не можам
да им напишам книга, да ја фрлам на теренот и да им кажам да ја прочитаат,
сакав да го свртиме темпото во наша полза, не успеавме во таа намера
“ рече
германскиот фудбалски стратег видно разочаран од изданието на своите фудбалери.

Добар старт на
мечот секако е потребен, но, доколку немате добар старт на еден меч тогаш
можете да стартувате одново, потребно ни беше еден час за да влеземе во ритам
на мечот, токму затоа им се налутив
“ додаде предводникот на „Редсите“.

По еден час игра
на мечот бевме подобри, второто полувреме навистина бевме добри, Хендерсон
имаше голема шанса, навистина голема, можевме повеќе, но ете, постигнавме само
гол за реми
“ заклучи Клоп.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×