Тео Ернандез во 91. минута го спаси Милан од пораз, дежа ву за Парма во Милано (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Милан избегна
пораз во финишот од мечот, но домаќините нема да бидат задоволни со овој
резултат. Избраниците на Пиоли беа фаворит, беа подобар противник, четири пати
ја погодија рамката од голот, но немаа среќа.

Резултатот го
отвори Хернани во 13. минута, Брзилецот доби топка од Жервињо и прецизно биеше
за 0-1. По десетина минути игра во продолжението од мечот, Куртиќ ја донесе Парма во
предност од 0-2 и најави изненадување.

Сепак, во 58. минута
Тео Ернандез одлично се снајде и со глава намали на 1-2. Истиот играч во првата
минута од судиското надоплнување дојде до една одбиена топка и изедначи на 2-2.

Ова беше дежа ву
за Парма во Милано, популарните „млекари“ имаа 0-2 и против Интер, но во
судиското надополнување останаа без два бода.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×