Дибала конечно даде гол, Јувентус ја победи Џенова (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Јувентус ги освои трите планирани бодови од гостувањето кај Џенова, по мирното прво полувреме, сите четири погодоци паднаа во вториот дел.

Горан Пандев влезе во 82. минута но не успеа да ја спаси Џенова од пораз иако Јувентус е тимот кој му лежеше во минатото.

Резултатот го отвори Дибала кој постигна гол во 57. минута, тоа беше неговиот прв погодок во Серија А оваа сезона.

Но само четири минути подоцна Стураро го изедначи резултатот на 1-1.

Во 78. минута Квадрадо беше фаулиран, судијата покажа пенал, а Роналдо погоди за ново водство за Јуве.

Десет минути подоцна нов пенал за Јувентус, овој пат по прекршок врз Мората, Роналдо погоди и по вторпат за конечни 1-3.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×