Ливерпул не го искористи киксот на Тотнем, освои само бод на Кревин Котиџ (ВИДЕО)

by
1 минути читање

По ремито на Тотнем кај Кристал Палас, Ливерпул доби убава шанса да го престигне тимот на Мурињо пред нивниот меѓусебен дуел, но и момците на Клоп кикснаа.

Не само што не победија, туку Ливерпул во финишот од мечот од пенал се спасуваше од пораз.

Фулам дојде во водство со гол на Реид уште во 25. минута од мечот.

Домаќините долго време ја чуваа предноста, на десет минути пред крајот Ливерпул доби пенал кој го реализираше Саха за конечни 1-1.

Во среда на програмата е големото дерби меѓу Ливерпул и Тотнем во Премиерлигата, двата клуба кои имаат ист број на бодови.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×