Хорор повреда на Утх, добиваше инфузија на теренот, соиграчите се молеа за неговиот живот (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Марк Ут ги
исплаши сите на дуелот помеѓу Аугсбург и Шалке. По еден воздушен дуел,
гостинскиот фудбалер доби удар во главата, веднаш се онесвести па силно
атерираше на тревата со глава и не се мрдаше.

Веднаш реагираа
соиграчите кои спречија Ут да го проголта јазикот, а брзо притрчаа и лекарите и
веднаш почнаа да му даваат помош. Во еден момент Ут добиваше инфузија на
теренот, а фудбалерите се молеа за неговиот живот.

По неколку минути
интервенција, Ут беше изнесен на носилки а натпреварот продолжи. Од Шалке потоа
се огласија на социјалните мрежи, пренесоа дека фудбалерот е свесен и во стабилна
состојба, но е пренесен во болница на детални тестови.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×