163
28-годишниот Промес од утринава е во притвор поради фамилијарно насилство, фудбалерот на Ајакс прободел роднина и сериозно го повредил.
„Пред еден месец слушнавме за инцидентот. Истрагата тогаш почна и утринава момчето е уапсено“, изјави портпаролот на полицијата Џелмер Гердс.
Промес може да добие максимална казна од четири години затвор доколку се востанови дека е виновен. Тој засега останува во притвор.
Холандските медиуми го запрашале и Ајакс за инцидентот, а портпаролот на клубот само им одговорил: „Квинси денеска не се појави на тренинг“.