По елиминацијата од Лигата на шампиони, денеска малку фалеше Каљари да го шокира Интер. Избраниците на Конте добро го започнаа натпреварот, креираа неколку шанси, но Крањо беше извонреден на голот.
За сите овие промашувања, казната стигна во финишот од првиот дел, Сотил погоди за 1-0.
Во продолжението од мечот, Интер тешко влегуваше во ритам и се врати во игра во 77. минута кога по еден корнер, Барела закачи волеј од врвот на шеснаесетникот за 1-1.
Во 84. минута по еден нов корнер, Д’Амброзио се најде осамен на подалечната статива и донесе 1-2. Во последните секунди од мечот, кога Каљари фрли се на една карта, Интер направи контра, Лукаку излезе сам пред празната мрежа и реализираше за 1-3.