180
Тотнем е лидер на табелата во Премиерлигата, но Мурињо добива и критики кои велат дека тие играат досаден и дефанзивен фудбал.
Запрашан што мисли за тоа, Португалецот одговори: „Доколку не уживате да нѐ гледате, тогаш не нѐ гледајте, многу е едноставно“.
„Пред да станам тренер на Тотнем, неколку месеци работев како фудбалски критичар па научив да ги почитувам. Иако некогаш не се согласувам со нив, тие може да кажат што сакаат“.