Анчелоти сака Евертон да го ангажира играчот кој е шкртнат од Мурињо

by
1 минути читање

Под водство на Покетино, Деле Али беше еден од најдобрите играчи на Тотнем, но Англичанецот се изгуби со Жозе Мурињо на кормилото. За него често нема место ниту на клупата кога се во прашање натпреварите од Премиерлигата.

Според пишувањата на Телеграф, Тотнем ќе му дозволи на Деле Али да ја промени средината во јануари и да си најде нов клуб како благодарност за петте години поминати во Северен Лондон.

ПСЖ се посочува како главен фаворит, но според Мирор, Деле Али би можел да остане во Премиерлигата.

Весникот вели дека Карло Анчелоти е голем фан на Деле Али и сака да го донесе во Евертон.

Италијанецот ја следи и ситуацијата на Хари Винкс, кој исто така е во втор план кај Жозе Мурињо, па еден од овие двајца би можеле да завршат во Евертон.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×