Трипати ставен на гилотина, трипати победи

by
1 минути читање

По слабиот старт на сезоната, Зидан беше ставен под притисок, Реал Мадрид веќе му го имаше напишано отказот, се чекаше само нов кикс за да му го врачи. Но кога беше најдобро Зизу победи и тоа на тешки натпревари.

Пред кралот паднаа Севиља, Борусија Менхенгладбах и Атлетико Мадрид.

Серијата започна од Санчез Писхуан кога Реал Мадрид со 1-0 ја победи Севиља, тој триумф дојде по поразот од Шахтар, меч по кој притисокот врз Зидан стана сериозно голем.

Дека победата над Севиља не беше исклучок туку почеток на враќање во форма, Реал Мадрид покажа на следните натпревари.

Победата од 2-0 над Борусија Менхенгладбах, Зидан ја опиша како најдобрата партија на неговиот тим оваа сезона. Со овој триумф кралевите го заверија првото место во групата од Лигата на шампионите.

Таквиот настап против Борусија им даде дополнителни крилја на момците на Зидан кои синоќа го добија и големото градско дерби против Атлетико Мадрид и ја намалија бодовната разлика на само три иако имаат и натпревар помалку од ривалот.

Со оваа серија натпревари Зидан дефинитивно си купи мир, но фановите се надеваат дека добрите игри ќе продолжат и во следните дуели и слабиот старт на сезоната е зад нив. Следниот предизвик е веќе во вторник кога Реал Мадрид го пречекува Атлетик Билбао во меч од Примера.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×