Несторовски: Се надевам дека по овој гол ќе добивам поголема шанса

by
1 минути читање

Несторовски синоќа на гостувањето кај Торино доби половина час, влезе во игра во 61. минута, осум минути подоцна постигна гол за победа на Удинезе.

„Сатисфакцијата е голема. Игравме многу добро еден час, имавме два гола предноста, потоа примивме два глупави голови, како и да не крајот победивме“, вели Несторовски.

„Лично секогаш тренирам и го давам максимумот и овој пат се надевав дека ќе имам шанса, тоа се случи и постигнав победнички гол па се надевам дека од следните мечеви ќе играм повеќе. Ова е силен тим, играме добар фудбал, не е ова Удинезе од претходните години. Знаеме што сакаме на теренот, играме добро и се надеваме дека ќе продолжиме да ги радуваме фановите“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×