Погба: Секогаш ќе се борам за Јунајтед, кога не знаете што се случува внатре, не зборувајте

by
1 минути читање

Многу прашина кренаа изјавите на Мино Рајола дека Погба ќе си замине од Манчестер јунајтед и колку побрзо тоа се случи толку ќе биде подобро за сите страни.

По дербито на Манчестер кое заврши без голови, со изјава конечно се огласи и самиот Погба.

„Секогаш сум се борел и ќе се борам за Манчестер јунајтед, за моите соиграчи и фановите“, вели Погба.

„Иднината е далеку, денеска е тоа што е важо и јас сум 1000 проценти инволивран! Секогаш силни заедно. Се е чисто меѓу мене и клубот и тоа нема да се промени. Кога не знаете што се случува внатре, не зборувајте“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×