Луди 180 секунди и три гола, Несторовски донесе победа за Удинезе против Торино (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Удинезе со цел
плен се враќа од гостувањето кај Торино благодарејќи на нашиот Илија
Несторовски, Македонецот погоди за 2-3 и се погрижи „бело-црните“ да стигнат до
триумф.

Со голот на Пусето
во 24. минута, Удинезе поведе со 0-1, а по десетина минути игра во
продолжението од мечот, Де Паул донесе 0-2 со прецизен удар од врвот на шеснаесетникот.

Потоа следуваа
драматичен период од 180 секунди. Најпрво една грешка во одбраната на Удинезе
придонесе Белоти да намали на 1-2 во 66. минута, за Бонацоли во 67. минута да
погоди на поблиската статива за 2-2.

И кога се чинеше
дека гостите ќе направат од готово вересија, Несторовски доби една топка 6-7 метри
и ја затресе мрежата на Торино за 2-3.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×