Конте до фановите на Интер: Не им ја олеснувајте работаат на хејтерите, сакаат да не уништат, мораме да бидеме обединети

by
1 минути читање

Во средата, Интер
не успеа да го победи Шахтар на домашен терен и доживеа елиминација од Лигата
на шампиони. Па пристигнаа многу критики на адреса на Антонио Конте, се
шпекулираше дека му прити отказ но проблем е неговата плата од 12 милиони евра,
и обесштетувањето кое „нероаѕурите“ ќе треба да му го исплатат.

Стратегот денеска
се појави на прес конференција во пресрет на дуелот со Каљари и испрати порака
до навивачите.

„Не им ја олеснувајте
работата на оние кои уживаат во овој момент и кои се надеваат дека сами ќе се
уништиме по се што сторивме во изминатата година ипол. Гледам дека има многу
критики и песимизам“
– вели Конте.

„Не им ја
олеснувајте работата на оние кои сакаат да не уништат, тие се свесни и гледаат
дека во иднина ќе бидеме посилни, па намерно го прават ова. Мораме да останеме
обединети, не заборавјте дека овој процес веќе не донесе до второто место во
Серија А, финале на Лига Европа и полуфинале на Купот на Италија“.

За елиминацијата
од Лигата на шампиони тој додава: „Болеше многу, верувавме дека можеме да
се пласираме во осминафинале, се вративме на прав пат од многу тешка позиција по
двата порази од Реал Мадрид. Но за жал не успеавме да постигнеме гол против
Шахтар и разочарани сме“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×