Венгер во 2013 година го донесе Озил во Арсенал од Реал Мадрид. Под водство на Французинот, Мсут играше најдобро иако и во тој период често беше критикуван порад недоволно залагање.
Но откако си замина Венгер исчезнаа сите добри периоди на Озил. Унаи Емери го употребуваше само од време на време, а Артета комплетно го отстрани од тимот.
Арсенал оваа сезона е лош во Премиерлигата, па многумина сметаат дека Озил е човекот кој може да внесе креативност во средниот ред која очајно фали.
„Не беше тешко да се менаџира со Озил. Тој има посебни квалитети како фудбалер и треба да се забавува“, вели Венгер.
„Тој е уметник а таквите момци се почувствителни“.
„Потребна им е поддршка и атмосфера која ќе ги притиска да го дадат најдоброто“.
Артета брзо се откажа од Озил, многумина сметаат дека треба да му се даде уште некоја шанса, особено што Арсенал е во многу лоша форма во Премиерлигата.