Откако Ибрахимовиќ се врати во Милан, се променија работите, росонерите играат фантастично, во моментов се лидери во Серија А, а во Лига Европа како први ја поминаа групната фаза.
„Ќе продолжам да играм додека можам да ги правам работите како што ги правам сега. Сакам само да бидам добар физички, другото само ќе се среди“, вели Ибрахимовиќ.
„Ние сме во неверојатна форма, играме одлично, добри сме. Но се уште не сме освоиле ништо, тоа не смееме да го заборавиме“.
„Кога првпат дојдов во Милан, тоа беше клуб кој се бореше за титула, вториот пат кога дојдов ситуацијата беше да го однесам клубот и тимот на врвот, таму каде што припаѓа“.
„Тоа е различен предизвик, но е предизвик кој ми се допаѓа, бидејќи кога тие велат дека е тешко, дека е речиси невозможно, тоа ме мотивира“.