Л’екип: ПСЖ ја одреди цената на Нејмар

by
1 минути читање

По победата на
Башакшехир, Нејмар изјави дека е многу среќен во Париз и во моментов не
размислува за заминување. Се огласи и првиот човек на клубот, Насер Ал Келаифи
истакна дека се дискутира за нов договор.

Според пишувањата
на Л’екип, Насер Ал Келаифи сака да го задржи Нејмар на „Паркот на принцовите“
и Бразилецот да настапи на мундијалот во Катар како фудбалер на ПСЖ. Сепак, во
моментов нема сериозни преговори за продолжување на соработката и нема контакт
со таткото на напаѓачот.

Во случај двете
страни да не можат да постигнат согласност, Нејмар следното лето ќе биде ставен
на продажба со почетна цена од 100 милиони евра.

За иднината на Бразилецот
пишува и Ле Призиен, весникот вели дека реалноста е многу поразлична од она што
го изјавија Нејмар и Насер Ал Келаифи по дуелот со Башакшехир.

Наводно разликата
помеѓу двете страни за продолжување на договорот е прилично голема во овој
момент, и преговорите воопшто не се стартувани. Весникот цитира извор од
придружбата на Нејмар кој вели, „во моментов нема ништо“ на прашањето за новиот
договор.

Останува да се
види што ќе се случува во следните месеци, но ПСЖ на своја страна ја има
пандемијата со ковид-19. Поради економската криза, тешко дека Нејмар ќе најде
друг клуб кој ќе му ја даде платата која ја заработува во овој момент. 

Можно е и ова да ти се допаѓа

×