Манчестер јунајтед не успеа да продолжи во осминафиналето од Лигата на шампионите откако загуби на гостувањето кај Лајпциг. Тоа дополнително ја разниша столицата на Солшер која и онака е нестабилна.
Во сабота се игра големото дерби на Манчестер, на Олд Трафорд од 18:30 Јунајтед го пречекува Сити.
Пол Мерсон верува дека Солшер би можел да добие отказ доколку го загуби мечот од Манчестер Сити.
„За мене ова е огромен фудбалски натпревар. Би рекол доколку Оле не победи, може тоа да биде тоа. Мислам дека ова е клучен меч за него. Освен ако раководството на Манчестер јунајтед нема некој друг план и размислува различно за овој клуб од сите други луѓе“, вели Мерсон.
Многумина сметаат дека Маурисио Покетино би бил идеален тренер за Манчестер јунајтед, а клубот ако сака да го ангажира него ќе треба да побрзо со отказот за Солшер, во спротивно ќе ризикува Аргентинецот да замине во друг гигант.