260
Жорди Фаре даде големо ветување иако нема добиено збор од Меси дека ќе се случи токму тоа.
„Меси сака да остане во Барса. Тоа го знам. Неговата фамилија сака да остане во Барселона и ние ќе работиме тоа да се случи“, вели Фаре за Онда Керо.
„Би одел толку далеку да речам дека ако ние ги добиеме изборите, Меси ќе го продолжи договорот. Неговото продолжување ќе се случи автоматски на 25 јануари доколку ние победиме на изборите претходниот ден“.