191
Елсеид Хисај и Амир Рахмани се тестирани позитивно на ковид-19 и тоа по вторпат.
„Тестовите кои ги направивме синоќа се негативни со исклучок на Амир Рахмани и Елсеид Хисај кој повторно се позитивни и веднаш ќе одат во изолација во своите домови“, се вели во соопштението на Наполи.
Наполи вечерва го пречекува Реал Сосиедад и потребен им е бод за пласман во следната фаза, може да поминат и со пораз, но тогаш АЗ Алкмар не смее да победи во Ријека.