259
Манчестер Сити синоќа го победи Марсеј со 3-0 во меч од Лигата на шампионите, Агуеро влезе во 65. минута и постигна гол.
Напаѓачот имаше проблеми со повреди оваа сезона, ова беше негов петти настап, Гвардиола не сака да избрзува со негово враќање во стартниот тим.
Прашан дали би можел да стартува на дербито на Манчестер во сабота, Гвардиола категорично одговори: „Не“.
„Неговиот инстикт за постигнување на голови секогаш ќе биде тука. Имаше три-четири тренинзи и реакцијата беше добра. Имаше 25 минути само и постигна гол. Чекор по чекор. Ќе видиме како ќе биде утре“.