Покетино во својот нов клуб сака да земе и две ѕвезди на Тотнем

by
1 минути читање

Во блиска иднина се очекува Покетино да се врати на работа, но се уште е нејасно каде. Неговото име се поврзуваше со речиси сите големи клубови кои имаа лоши резултати, Манчестер јунајтед, Барселона, Реал Мадрид…

Иако не се знае кој ќе биде новиот клуб на Покетино, новинарот Луиџи Гуелпа тврди дека тој како приоритетни трансфер цели ќе ги посочи Деле Али и Хари Кејн.

Деле Али се верува дека ќе може да го добие, тој не е стандарден кај Жозе Мурињо, игра само во Лига Европа засега откако не се покажа најдобро под водство на Португалецот.

Но, Хари Кејн заедно со Сон се двајцата главни играчи на Тотнем, напаѓачот веќе и се приврза за Мурињо, па тешко е за верување дека ќе си замине, но ќе зависи и од тоа на кој клуб ќе биде тренер Покетино.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×