Вилијан би можел да си замине од Арсенал уште во јануари и да се пресели во Шпанија?

by
0 минути читање

Вилијан како слободен играч од Челси пристигна во Арсенал, имаше одличен прв меч за топчиите кога запиша три асистенции, по таа партија се веруваше дека ќе има значаен придонес за добри игри на тимот, но следуваше голем пад.

Како и поголем дел од останатите играчи на Арсенал, Вилијан игра бледо, па можно е да биде продаден уште во јануари.

Според „Ел Гол Диџитал“, интерес за Вилијан има од Бетис кој го сака бразилскиот фудбалер уште во јануари.

Легендарниот Хоакин ќе се пензионира по крајот на оваа сезона, а во Вилијан го гледаат неговиот наследник.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×