156
Реал Мадрид со 2-0 ја победи Борусија Менхенгладбах и како првопласиран се квалификуваше во осминафиналето од Лигата на шампионите.
„Целта беше ова, да го освоиме првото место“, вели Зидан.
„Имавме спектакуларен натпревар од првата минута до крајот. Многу добро го одигравме натпреварот и мислам дека ова беше нашиот најкомплетен наш натпревар оваа сезона“.
Запрашан зошто Реал Мадрид не игра вака на секој меч, тој одговори: „Сум бил фудбалер и невозможно е секогаш да играте вака“.
„Не игравме добро без да имаме притисок. Одигравме и други добри натпревари исто така, но вистината е дека овој тим кога тежината е голема, игра одлично“.