Агентот на Маркос
Паоло тврди дека 19 годишниот Бразилец, инаку член на Флуминенсе е микс помеѓу
Пауло Дибала и легендарниот Ривалдо, а истовремено открива и дека веќе
разговарал со Интер, Милан и Јувентус.
Во Италија
претходно известија дека Интер пријавил сериозен интерес за талентираниот
крилен напаѓач чиј договор со Флуминенсе истекува идното лето, меѓутоа се
споменуваат истовремено и Милан и Јувентус.
„Во овие моменти
ниту еден клуб не може да преговара со фудбалерот без претходна согласност од
неговиот клуб, можам само да кажам дека имавме разговори со Интер, но исто така
и Милан и Јувентус“ изјави Фредерико Пена.
„Тој има
португалски пасош, а што се однесува до неговата карактеристика како фудбалер,
сосема е нормално тоа што повеќе европски гиганти се заинтересирани за неговите
услуги, ќе видиме што ќе се случи, доколку тој би играл за Интер, би бил
перфектен во соработката со Ромелу Лукаку, според мене, тој е микс помеѓу Пауло
Дибала и Ривалдо“ додаде тој.
„Интер е помеѓу
десете најдобри клубови во светот, Флуминенсе не го продаде ланската сезона
поради пандемијата со ковид-19, ќе сочекаме да видиме какви се неговите амбиции
за во иднина, дали ќе сака да потпише нов договор со Флуминенсе, јас лично сум
во одличен однос со тој клуб“ заклучи агентот.