„24ФУДБАЛ СКАУТ ФАНТАЗИ“: Голема дилема по случувањата во Њукасл, клучното прашање се врти околу Вилсон

by
3 минути читање

Манчестер
јунајтед – Манчестер Сити, Евертон – Челси, па и мини-дербито помеѓу Кристал
Палас и Тотнем, односно Вулверхемптон и Астон Вила веројатно им дава поттик на
натпреварувачите да „скенираат“ некоја поевтина варијанта која ќе направи
разлика во однос на ѕвездите кои прилично мнозинството ги имаат во своите
тимови.

КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: unckad

Натпреварувачите
сигурно најмногу се заинтересирани да дознаат нешто плус во однос на
случувањата во Њукасл кој викендов на домашен терен го пречекува составот на
ВБА, особено по хаосот кој настана во клубот од „Сент Џејмс Парк“ откако беше
забележан рапиден раст на заразени со ковид-19.

Од Њукасл решија
да не откриваат никакви детали, најмалку да обзнануваат кои се заразени, а кои
денеска се вратија на тренинзите откако беше реотворен тренинг центарот кој
беше затворен понеделникот претходната седмица, а фудбалерите немаа тренинзи од
26 ноември (13 денови), денеска тренираа во издвоени мали групи, а утре е
најавено во целосен состав, но без никакви дополнителни детали.

КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: unckad

Особено
натпреварувачите се распрашуваат за напаѓачот Калум Вилсон кого го има во 14,7%
од тимовите на Фантази, а тој постигна гол и асистенција во победата кај
Кристал Палас со 0-2 во последниот меч пред хаосот со ковид-19 по што беше
откажан мечот кај Астон Вила.

Сепак,
натпреварувачите извесно е дека ќе мора да сочекаат до последен момент доколку
исплива некоја информација во јавноста која ќе извести за тоа кои се заразените
кои ќе мораат да го испочитуваат предвидениот протокол и самоизолација од 10
денови, односно оние кои се заразиле а веќе се оздравени (поминаа десет дена
откако почна сиот хаос во клубот), односно оние кои воопшто немаат никаков
контакт со заразата.

Големи се
очекувањата од Њукасл за пресметката со ВБА каде на гостинскиот тренер Славен
Билиќ му се заканува отказ доколку неговите избраници не успеат да запишат
бодови, а ситуацијата за нив дополнително е отежната со фактот што првата
ѕвезда на тимот Матеус Переира ќе отсуствува поради црвениот картон против
Кристал Палас каде ВБА беше „разбиена“ на свој терен и поразена со убедливи
1-5.

КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: unckad

Доста привлечни
се цените на фудбалерите на Њукасл (евтини), во пресрет на мечот со ВБА каде се
фаворити, особено во дефанзивната линија каде е Џамал Луис (4.3), Федерико
Фернандез (4.8)
, па и голманот Карл Дарлоу (5) кој на одличен начин го замени
Мартин Дубравка кој поради повреда отсуствува подолг период.

Атлернативни
опции би биле и напаѓачот Жоелингтон (5.7) кому му тргна во победата кај
Кристал Палас каде запиша гол и асистенција, а останува дилемата околу Алан
Сент-Максимин (5.2)
кој е неизвесен за настап поради повреда, меѓутоа често
можевме да проследиме таков статус на одличниот дриблер и техничар, а потоа да
го видиме од првата минута, како и во повеќето случаи со дефанзивецот Џамал
Ласелс (4.3)
.

Дополнително
отежнувачки за натпреварувачите е фактот што ситуацијата со Њукасл отиде дотаму
што доколку го отворите нивниот избор на фудбалери нема да наидете на
информација поврзана со ковид-19, меѓутоа останува да видиме каква ќе биде
реакцијата од Премиерлигата која претходно веднаш поставуваше известување на
секој фудбалер при што натпреварувачите лесно можеа да утврдат дека станува
збор за зараза со ковид-19, како во случаите со Вилфред Заха, Мохамед Салах,
Каи Хаверц, Мет Доерти итн.

КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: unckad

Пресконференцијата
на предводникот на Њукасл, Стив Брус е предвидена да се одржи на 24 часа пред
дуелот со ВБА, односно во петок, меѓутоа ниту тоа не е потврдено за тамошните
медиуми.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×