По поразот од
Кадиз во Примера, следеше ново разочарување за навивачите на Барселона по
поразот на домашен терен од Јувентус, а за болката да биде поголема, двата гола
за „Старата дама“ ги постигна екс фудбалерот на лутиот ривал Реал Мадрид,
Кристијано Роналдо.
Предводникот на
Каталонците, Роналд Куман се соочува со големо незадоволство кај своите
фудбалери кои се револтирани од начинот на кој холандскиот фудбалски стратег ја
поставува играта, односно тактиката за натпреварите.
Според пишувањата
на „Спорт“, фудбалерите се крајно незадоволни од фактот што Куман преферира формациска
поставеност од 4-2-3-1, а се верува дека ѕвездите на Каталонците ја преферираат
онаа стандардната 4-3-3, а на оваа поставеност, односно систем во играта
фудбалерите ја усовршуваат уште во академијата на клубот.