Романците обвинуваат: Вебо прв ги навредувал судиите, ги нарекол цигани (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Пресметката во
Париз помеѓу ПСЖ и Башакшехир не го дочека својот крај синоќа, мечот беше
прекинат откако гостите обвинија дека четвртиот судија го навредил Пјер Вебо на
расна основа.

УЕФА сега ќе
спроведе детална истрага за тоа што се случуваше на „Паркот на принцовите“ а романскиот новинар Емануел Рошу пишува за пресврт во скандалот.

Тој вели дека
извори блиски до судиите му пренеле дека од снимениот разговор се слуша како
помошниот Октавијан Совре го посочува Пјер Вебо како „црн“ а не четвртиот
судија Колтеску, или пак можно е двајцата да го употребиле истиот термин.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×