Претседателот на Турција, Ердоган го осуди расизмот врз членот на Башакшехир во Париз (ФОТО)

by
1 минути читање

Мечот меѓу ПСЖ и Башакшехир требаше да биде еден од најмалку приметените ова коло во Лигата на шампионите бидејќи немаше некоја голема резултатска важност, но поради една глупост на четвртиот судија тој е во центарот на вниманието.

Четвртиот судија расистички го навреди Вебо, еден од членовите на стручниот штаб на Башкашехир по што фудбалерите се повлекоа во соблекувалните. Мечот ќе се доигра утре со нови судии.

Скандалот предизвиика многу реакции, а се огласи и претседателот на Турција, Реџеп Тајп Ердоган.

„Силно ги осудувам расистичките навреди што ги доби Пјер Вебо, еден од претставниците на стручниот штаб на Башкшехир и верувам дека УЕФА ќе ги преземе неопходните чекори. Ние безусловни сме против расизмот и дискриминацијата во спортот и во сите сфери на животот“, напиша Ердоган на својот твитер профил.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×