Солшер: Не сакам да трошам енергија за агентот на Погба

by
1 минути читање

Пред мечот со Лајпциг, Мино Рајола изјави дека Погба не е среќен во Манчестер јунајтед и ќе си замине од клубот. 

Наместо подготовката за дуелот против германскиот тим, Погба и Рајола беа главната тема во медиумите, а тоа може да има негативен ефект врз тимот на Мачестер јунајтед.

По елиминацијата од ЛШ, Солшер беше запрашан дали изјавите на Рајола имаа влијание врз тимот.

„Тимот е добар, тие се тим и се сплотени заедно. Колку побрзо агентот на Пол сфати дека ова е тимски спорт, толку подобро, ова е можеби последната работа што ќе ја кажам за него. Не сакам да си ја трошам енергијата на тоа“, вели Солшер.

„Дали Погба е среќен или не, треба да го прашате него, јас нема да зборувам во негово име. Можам да кажам дека е фокусиран и го дава најдоброто од себе, работи напорно на тренинзите и треба да се фокусира само на своите перформанси. Сега не е време да дискутираме за трансфери, доаѓања и заминувања од клубот“.

Оле го прокоментира и мечот против Лајпциг.

„Во минатите мечеви кога први ќе примевме гол, се будевме и почнувавме да играме добро, но сега касно почнавме, дури после 2-0. Зборувавме пред мечот што треба да правиме, зневме дека Лајпциг е силен тим, но не направивме доволно, дефинитивно“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×