Куман: Не одигравме добро, Јувентус заслужено победи

by
1 минути читање

Барселона го победи Јувентус во Торино со 2-0, но загуби на свој терен со 3-0 и го изгуби првото место на табелата.

„Мислам дека го загубивме натпреварот во првото полувреме, имавме лош старт, не игравме добро дефанзивно, не бевме доволно агресивни во средината на теренот, а Јувентус играше добро“, вели Куман.

„Тие беа силни особено во првиот половина час и заслужено победија“.

Куман се пожали и на судењето, вели дека ако Јуве добил пенал, требало и тие за старт врз Меси.

„Исто така може да се каже дека првиот пенал за Јуве не требаше да биде досуден, кога веќе го досудија, требаше да свирнат и за прекршокот врз Меси“.

„Не заборавајте дека ние со Јуве одигравме два натпревари, не само овој, во Торино победивме со 2-0. Треба да погледнете и во годините на овој состав, ова може да биде важна лекција за младите играчи“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×