187
Роналдо даде два гола од пенал во големиот триумф на Јувентус, Португалецот го бодри својот тим, знае дека овој меч може да биде пресврт за подобри игри до крајот на сезоната.
„Секогаш ми е убаво кога се враќам во Шпанија и Каталонија, секогаш е тешко да се игра на Камп Ноу против еден од најдобрите тимови со кои некогаш сум се соочил. Денеска игравме како шампиони“, вели Роналдо.
„Ние сме вистинска фамилија, силни и обединети! Ако играме на овој начин, нема од што да се плашиме до крајот на сезоната. Ајде момци, ајде Јуве, до крај“.