УЕФА ќе испрати нови судии, ПСЖ и Башакшехир ќе продолжат утре

by
1 минути читање

ПСЖ и Башакшехир вечерва
нема да го доиграат натпреварот, мечот ќе продолжи утре и тоа со нови судии, oва го изјави генералниот извршен директор на клубот од Турција, Мустафа Ерогут.

„Иако судијата
се правдаше дека не кажал лоша работа на неговиот јазик, мора да внимава што
зборува на ваков важен натпревар. Моравме да реагираме вака. Се повлековме во
соблекуваната. Ни кажаа дека четвртиот судија е разрешен и дека ќе дојде замена
од ВАР собата. Продолживме со протестите. Како резултат на нашата дискусија со
УЕФА, мечот ќе продолжи утре. Ќе има нови судии. Ние сме тим, па ако има
реакција, тоа го правиме сите заедно. Имавме состанок во соблекувалната и
донесовме одлука да постапиме вака“
– вели Мустафа Ерогут.

„ПСЖ, Нејмар и
Мбапе ни дадоа голема поддршка. Ни беше понудено играчите заедно да излезат на
теренот, заедно да му кажеме НЕ на расизмот, но кажавме дека нема да се
појавиме на терен со овие судии“.

Скандалот на
Паркот на Принцовите започна по петнаесетина минути игра кога главниот судија
дојде до аут линијата за да додели картон на некого од клупата на Башакшехир.

Тогаш четвртиот
судија ги употребил зборовите „
ala negru“ по што следеше жестока реакција од Пјер Вебо а потоа и сите останати
фудбалери на Бешикташ.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×