Во Манчестер јунајтед се уморни од драмата која ја прават Погба и неговиот агент Мино Рајола

by
1 минути читање

Пол Погба во Манчестер јунајтед дојде како рекордно засилување, но не прикажа ништо од тоа за што беше донесен. Наместо да биде лидер во тимот, тој стана проблем.

Се веруваше дека можеби причината за лошите перформанси на Погба е Жозе Мурињо кој не беше во добар однос со Французинот, но и по заминувањето на Португалецот ништо не се смени. Погба продолжи да биде проблемот во тимот.

Откако Погба конечно даде гол во победата од 3-1 над Вест Хем, Мино Рајола излезе со интервју во кое меѓудругото рече дека приказната на Пол во Манчестер јунајтед е завршена и тој ќе си замине од клубот, а добро би било тоа да е што побрзо.

Изјавите на Рајола доаѓаат во лош тајминг за Манчестер јунајтед, пред клучниот дуел со Лајпциг од Лигата на шампионите, тоа дополнително го налутило Солшер.

Наместо фокусот да биде на дуелот во Германија, Рајола вниманието го насочи кон иднината на Погба и денеска сите пишуваат за тоа.

Од Манчестер јунајтед никој не сака да ги коментира вестите, но се вели дека се уморни и од Погба и од Рајола.

Се верува дека тие ќе сакаат да се ослободат од Погба и да го продадат што побрзо, но ќе сакаат да му извадат колку што е можно поголема сума.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×