509
Лука Јовиќ никако
да крене глава од проблеми. Србинот „газеше“ во Ајнтрахт и си обезбеди трансфер
вреден 60 милиони евра во Реал, но по преселбата во Мадрид игра св слаба форма, а
има и многу пехови.
Минатиот месец,
во дресот на Србија даде три гола во една недела, и кога се мислеше дека ќе
продолжи со одличната голгетерска форма и во белиот дрес, напаѓачот се зарази
со ковид-19.
Сега, откако се опорави
од коронавирус и почна да тренира со полна пареа, Лука Јовиќ го снајде нов
проблем. Тој има повреда на мускул на десната нога и се верува дека ќе паузаира
од две до три недели.