Реал Мадрид никогаш досега не доживеал елиминација во групната фаза од Лигата на шампионите, а тоа се случи утре клубот ќе испише негативна историја.
Кралскиот клуб со победа над Борусија Менхенгладбах сигурно оди во осминафиналето и тоа како прв, може и со реми да се пласира понатаму ако Шахтар загуби од Интер, со пораз сигурно испаѓа.
Реал Мадрид беше запрашан дали ќе биде изненаден ако добие отказ во случај да испаднат од Лигата на шампионите утре.
„Не, нема да бидам изненаден ако добијам отказ. Клубот ќе го направи тоа што треба да го направи“, вели Зидан.
„Но не размислувам на тоа, размислувам само за утрешниот меч. Клубот размислува и за другите работи. Искрено јас не мислам на тоа“.