Раул Хименез е пуштен од болница по хорор повредата од дуелот со Арсенал

by
1 минути читање

Мексиканецот се повреди при еден судар со Давид Луиз на мечот меѓу Арсенал и Вулвс по што веднаш беше пренесен во болница.

Имаше пукнатини на черепот и му беше извршена операција. Хименез сега е во добра состојба и е пуштен дома каде одмара.

Тренерот, Нуно Еспирито Санто вели дека сите биле исплашени за Хименез.

„Беше многу сериозно и сите беа исплашени, сите бевме загрижени. Како поминуваа деновите, знаевме дека е добро згрижен и дека неговата ситуација се враќа во нормала“, вели тренерот на Вулвс.

Се уште никој не прогнозира кога Хименез ќе се врати на теренот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×