154
Ибрахимовиќ денеска добил позитивни вести од медицинскиот тим откако му биле направени тестови.
Швеѓанецот заработи повреда на бутниот мускул на дуелот со Наполи кој Милан го доби со 3-1.
Ибрахимовиќ е блиску до враќање на теренот, а прогнозите на италијанските медиуми велат дека тоа би можело да се случи уште на дуелот со Парма следниот викенд.
Ибрахимовиќ досега постигна 10 голови на шест меча од Серија А и е главниот мотор на Милан кој е прв на табелата.
Во меѓувреме Милан ќе одигра и меч против Спарта Прага во Лига Европа, но на тој дуел сигурно нема да настапи Ибрахимовиќ, Пиоли нема да ризикува со Швеѓанецот.